Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Меморијалот „Чајка“ повторно во функција на репрезентацијата, Хаџииљоски „Се надевам Македонија ќе победи!“

  • August 4, 2025

Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој на 5, 6 и 7 август 2025 година ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меморијалот, кој премина во традиција и е константен во годишниот календар на ОФМ и оваа година се става во функција на машкиот сениорски национален тим на Македонија, како дел од подготовките за европските квалификации, на кој покрај нашата репрезентација ќе учествуваат и сениорските репрезентации на Бугарија и Швајцарија.

Организаторите на денешната прес-конференција ги искажаа своите очекувања од престојниот турнир.

„На мое големо задоволство по 49-ти пат се одржува турнирот ‘Бранко Хаџииљоски – Чајка“ во чест на мојот покоен татко, кој беше основоположник на одбојката во Тетово и со огромни успеси ја водеше тетовската и македонската одбојка долги години. Посебна чест и задоволство ми е што и овојпат како и годините наназад турнирот е во функција на машката сениорска репрезентација, во кој имаме квалитетни учесници Швајцарија и Бугарија заедно со нашиот национален тим. Прво би сакал да бидеме добри домаќини, се надевам на убави и квалитетни натпревари, ја повикувам одбојкарската и спортска јавност да дојдат во што поголем број да присуствуваат на натпреварите, да ја поддржат Македонија и воедно се надевам дека и нашата репрезентација и ќе биде победник на овој турнир, на мое огромно задоволство“, истакна Ивица Хаџи Иљоски, потпретседател на ОФМ и претставник на семејството.

„Благодарност до семејството Хаџииљоски за несебичната организација на овој голем турнир кој е од огромно значење за машкиот сениорски национален тим за кој е и ставен во функција овој турнир. Сакам да потенцирам дека турнирот веќе има одличен одзив на европската одбојкарска сцена, препознаен е и можам да кажам дека каде и да се обратив од сите имавме позитивен одговор и можевме буквално да бираме кој сакаме да дојде на турнирот. Благодарност и до Министерството за спорт за несебичната поддршка и и јас како и Ивица се надевам дека Македонија ќе излезе како победник на овој турнир“, изјави Филип Деспотовски, генерален секретар на ОФМ.

Македонија првиот натпревар го игра утре во 17:45 часот против Швајцарија. В среда нашите одбојкари се слободни додека Швајцарците се соочуваат со Бугарија од 19 часот. На последниот натпревар в четврток од 19 часот Македонија ја пречекува Бугарија.

Резултатот не е приоритет, туку темпирањето на формата за евро-квалификациите, но репрезентативците ќе се обидат да ја израдуваат публиката.

„Задоволството е големо, по знам кој пат учествувам на овој турнир во рамките на подготовките на репрезентацијата, одново како дел од подготовките за евро-квалификациите и обидот четврти пат во низа да стигнеме на едно Европско првенство. Веќе 20 дена заедно 32 дена е овој циклус со 37 тренинзи и со четири пријателски натпревари. Учеството на овој турнир ќе ни помогне да постигнеме нашата препознатлива форма токму пред клучните натпревари со Грција и Грузија на кои ќе се одлучува пласманот на ЕП. Ќе учествуваме на еден од најпрестижните турнири во регионот. Јас лично многупати сум учествувал и на клупско ниво и со националниот тим, и задоволството е уште поголемо. Очекуваме целокупната јавност да ни даде поддршка во овие наши напори, да бидеме победници на овој турнир. Во моментов можеби резултатот не е приоритет, туку повеќе да биде во функција за подготовка за дуелите со Грција и Грузија во тој момент да бидеме во најдобрата форма. Императивот сепак ќе биде победа да ги израдуваме љубителите на одбојката и секако семејството Хаџииљоски, кој долги години е организатор на овој турнир и се труди да биде помош и поддршка за националниот тим, што е од огромно значење за нас и многу сме благодарни“, истакна селекторот на Македонија, Јошко Миленкоски.

„Преубаво е да се вратиме во Скопје и во ‘Александар Палас’ и во ‘Борис Трајковски’ по 2023 и Европското првенство од кое имаме преубави спомени. Благодарам за ОФМ за прекрасните услови кои ни ги овозможи и во Струмица и сега во Скопје и одлична почетна точка за она што следува. Пред нас е мојот омилен турнир. Се изненадив дека е 49. издание, јас сигурно сум учествувал на десетина, а го имам освоено само еднаш во 2011 година. Многупати сме губеле во финалето 3:2 и се надевам дека сега ќе го освоиме. Сакам да му се заблагодарам на семејството Хаџииљоски за турнирот кој е секогаш во наша служба и ни помага да ја достигнеме нашата форма за официјалните натпревари. Пред нас се две интересни репрезентации Швајцарија и Бугарија. И со едните и со другите сме играле и имаме една победа и еден пораз и мислам дека не очекува интересен турнир. Се надевам дека македонската публика ќе не поддржи, ќе дојде во салата и јас во името на репрезентативците можам да ветам дека ќе го дадеме нашиот максимум.  

Влезот на сите натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде слободен, додека дуелите на Македонија ќе имаат и директен телевизиски пренос на МРТВ 3.

  • January 12, 2026

Јовановски, Ајети и Деспотовски гости на 80- годишнината на Албанската федерација

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings