Одбојкарите ја почнаа трката за четвртфинале, а одбојкарките го играат осминафиналето на купот за сезоната 2024/25. Во оваа фаза има само по еден натпревар на теренот на подобропласираната екипа од првенството во есенскиот дел, а во машка конкуренција во следната рунда од купот директно се: Струмица 47&72, Штип УГД, Лирија, Работнички 71&22, Универзитет во Тетово и Весна Пробиштип.
Куп на Македонија (мажи) – претколо за четвртфинале
Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:19, 25:22, 25:13)
Весна Пробиштип – Вардар 3:1 (16:25, 25:12, 25:18, 25:14)
Шкендија – Јанта волеј 3:0 (25:18, 25:13, 25:19)
ГОК Борец – Сушево 3:2 (27:25, 19:25, 25:12, 22:25, 15:8)
Куп на Македонија (жени) – осминафинале
Струмица жени – Македонија Макс 3:0 (25:9, 25:13, 25:6)
Јанта волеј – Форца волеј Ема 3:0 (25:11, 25:13, 25:18)
Наковски волеј – Виктори волеј 3:0 (25:12, 25:15, 25:11)
Работнички Скопје – Фламинго волеј 3:0 (25:5, 25:2, 25:7)
Фит фан волеј – Бами Кор 3:1 (23:25, 25:11, 25:20, 25:15)
Младост УГД – Ускана 3:1 (23:25, 27:25, 25:13, 25:18)
Вардар ЕМ – Газели волеј 3:0 (25:22, 25:14, 25:8)
Пелистер волеј – Вардар жени 3:0 (25:12, 25:9, 25:11)