Вториот натпреварувачки циклус годинава е поинаков за македонските одбојкари. За разлика од Европската златна лига, во квалификациите за ЕП 2026 се бара резултат, односно победи против Грузија и против Грција и трасиран пат кон четврти континентален собир уште овој август. Младиот коректор на Македонија Стојче Арсов е оптимист.