Составот е реновиран, така што нема потреба од наметнување резултатски притисок во Европската златна лига. Капитенот Никола Ѓорѓиев посакува македонските одбојкари да играат без стрес против Естонија в петок и со Чешка в недела. Надеж за победа, се разбира дека има.