Со бројните проблеми со повреди минатата недела, македонските одбојкари успеаја да освојат сет против Грција, но загубија со 3:1 во квалификацискиот натпревар за ЕП 2026. На половина од патот до четврти континентален собир, Македонија има половичен биланс и реални шанси да се најде меѓу 24-те најдобри европски селекции. Капитенот Никола Ѓорѓиев оценува дека во овој период не можевме повеќе. Напред МАКЕДОНИЈА!