Со Александар Љафтов во составот, македонската одбојкарска репрезентација има поголем квалитет во споредба со последниот настап во Европската златна лига. Затоа очекувањата се дека црвено-жолтите четвртипат по ред ќе играат на европските првенства. Подготовките се во Маврово, а првите два квалификациски натпревара во август. Како и обично, капитенот Никола Ѓорѓиев е оптимист.