Победа за четврто европско првенство Македонските одбојкари сами ја одредуваат својата судбина. За настап на континенталниот собир во 2026-та, потребен е блесок утре против Грција. Македонскиот техничар Ѓорѓи Ѓорѓиев верува дека можеме и се надева на огромна поддршка од трибините. Арена “Јане Сандански”, 20 часот и 15 минути, влезот е слободен. Напред МАКЕДОНИЈА!