По воведните тренинзи, македонските одбојкари ќе почнат да работат на креација во играта за августовските квалификациски натпревари за ЕП 2026. Првите пријателски се на крајот на неделава против Црна Гора, а дотогаш репрезентацијата ќе работи во Маврово уште четири дена. Средниот блокер Филип Маџунков се подготвува за две победи на патот кон нов континентален собир.