По добиените три од петте сета на заедничкиот тренинг вчера во Валчеа, македонските одбојкари денеска од 19 часот ќе одиграат класичен натпревар против Романија. Селекцијата на Хари Наковски потоа ќе се врати во Струмица за завршни подготовки пред Европската златна лига.