Паузата по Европската златна лига не остави големи последици во подготовката на македонските одбојкари за квалификациите за ЕП 2026-та. Првата фаза во Маврово заврши, а стручниот штаб е задоволен од одработеното. Асистентот Кристијан Ристески има оптимистички пристап за августовските натпревари со Грузија и со Грција.