Откако лани ја формиравме сениорската репрезентација со настапите во Европската сребрена лига, во квалификациите за континенталниот собир во 2026-та целта е да почнеме да создаваме стабилен состав за подолг период, вели селекторот Стефан Пауновиќ. Македонските одбојкарки во август ќе играат со Австрија и со Грција.