Одбројување 4-3-2-1… Три бода против Грузија в сабота во Тбилиси ќе бидат голем чекор кон Европското првенство 2026-та, четврто по ред во историјата за македонските одбојкари. Сепак, реномето на хартија треба да се потврди на терен, а капитенот Никола Ѓорѓиев не признава однапред остварени, туку само заслужени победи со целосна посветеност на сите во тимот.