Одбројување 3, 2, 1… Македонската машка одбојкарска репрезентација е на победа до четврто европско првенство. Асистентот во стручниот штаб Кристиан Ристески оценува дека Грција е на нивото на Европската златна лига и дека Македонија може да победи. Натпреварот за влез на ЕП 2026 е в недела во арената “Јане Сандански” од 20 и 15. Влезот е слободен, а македонските одбојкари се надеваат на спортски спектакл со полни трибини. Напред МАКЕДОНИЈА!