Одбојкарите одат за Тбилиси, а дамите се во Скопје каде што се подготвуваат за натпреварот со Австрија. Противничките лани триумфираа над нас во Европската сребрена лига, но годинава атмосферата во македонската репрезентација е подобра, вели нашата примачка Добрина Хаџитосева, а тоа е основа за поголем оптимизам во пресрет на почетокот на квалификациите за ЕП 2026.