Националниот дрес е чест и обврска за дебитантката во македонската репрезентација Марија Василева. Средната блокерка на Вардар ЕМ е задоволна од подготовките во Маврово и се надева на врвна форма во август, на квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2026. Сениорскиот состав на Македонија тогаш ќе се сретне со Австрија и со Грција.