Македонските одбојкари се блиску до исполнување на задачите во првата подготвителна фаза за квалификациите за ЕП 2026. Наскоро ќе почнат со пријателските натпревари, а средниот блокер Филип Савовски смета дека тие ќе бидат главниот филтер за достигнување вистинска форма.