Македонските одбојкари ги прецизираат деталите во играта за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026. В сабота ќе гостуваме во Грузија, а без разлика на нашата предност во квалитетот, техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев бара внимателност во пристапот.