Македонските одбојкари денеска против Косово ќе го почнат настапот на 48-то издание на меморијалот “Чајка” на којшто ќе ја зголемуваат самодовербата пред квалификациите за ЕП 2026. Во тридневната програма во “Парк” во Струмица, покрај Косово, ќе гостува и Израел. Селекторот Хари Наковски очекува Македонија да влезе во вистински ритам пред гостувањето во Грузија на 17-ти како прва постојка кон учеството на четврто европско по ред.