Македонските одбојкари денеска отпатуваа за Колашин каде што викендов ќе одиграат две пријателски со Црна Гора. Тоа ќе бидат првите контроли по тренинзите во Маврово, како почетна фаза од подготовките за августовските квалификациски натпревари за ЕП 2026-та со Грузија на гости и со Грција дома. Селекторот Хари Наковски на располагање има 14-мина играчи.