Македонските одбојкари денеска ги почнаа подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство во 2026-та. На 17-ти август ќе играме во Грузија, а на 25-ти ќе ја пречекаме Грција. За разлика од Европската златна лига годинава, во составот на Македонија ќе биде нашиот стандарден примач Александар Љафтов.