Македонските одбојкари денеска ќе патуваат за Тблиси за саботниот натпревар со Грузија, прв од четирите на патот до ЕП 2026. Нашиот среден блокер Филип Савовски ја прифаќа фаворитската улога и се надева на две победи во овој период. По Грузија, Македонија ќе се сретне со Грција на домашен терен на 25-ти.