И македонските одбојкарки се во оптимистичко расположение пред квалификациите за ЕП 2026. Тие ќе почнат на домашен терен во арената “Јане Сандански” во Скопје, против Австрија, в сабота од 20 и 15 (пренос МТВ-3). Капитенката на националниот тим, Емилија Попјордановска, верува во позитивен резултат.