Естонија денеска е првиот противник на македонските одбојкари во Европската златна лига 2024. Без Љафтов и Деспотовски во споредба со ланското осминафинале на континенталниот собир, националниот тим ќе се обиде да игра резултатски растоварено и да создава игра за августовските квалификации за четврто европско првенство по ред. Македонија – Естонија, сала „Парк“ Струмица, 20.15 (пренос МТВ-1 од 20 часот).