Два дена до првиот сервис за четврто европско првенство по ред. Македонските одбојкари го подготвуваат дербито со Грција до најситни детали. И покрај математичките опции, едно е јасно – победа ќе значи пласман на Европското првенство 2026. Затоа, в недела од 20 и 15 во “Јане Сандански” во Скопје, потребна е силна поддршка за македонската репрезентација. Влезот е слободен. Нека одекнува МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!