Ден за европско првенство! Победа над Грција ќе ги однесе македонските одбојкари на четврти континентален собир едноподруго. Шансата е голема и реална, а “натпреварот на кариерите”, како што вели селекторот Хари Наковски, би требало да биде мотивациска предност, а не психолошки товар. МАКЕДОНИЈА – Грција, денеска во “Јане Сандански” од 20 часот и 15 минути (пренос на МРТ-3). Влезот е слободен, нашите одбојкари очекуваат огромна поддршка. За кого? – За МАКЕДОНИЈА!!!