Целта на македонските одбојкарки е јасна, а тоа е да прават постојан напредок во играта. По Европската сребрена лига, следен предизвик се квалификациите за ЕП 2026. Во “Јане Сандански” во Скопје в сабота доаѓа Австрија, а селекторот Стефан Пауновиќ смета дека црвено-жолтите можат да бидат подобри отколку лани.