Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
      • Enel EuroVolley 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

ЕВРОВОЛЕЈ 2026: Нов ден, нова среќа! Македонија првпат против Украина на ЕП

  • September 11, 2026

Вториот противник на Македонија во групната фаза на Европското првенство 2026 во Софија е репрезентацијата на Украина. Нашите одбојкари, попладнево 15 часот по македонско време во арената „8888“ во Софија првпат ќе играат со Украинците на едно континентално натпреварување, во дуел од 2. коло од групната фаза.

Украина во групата Б е еден од фаворитите заедно со Полска и Бугарија, а причината за тоа е нивниот одличен настап во Лигата на нации летово, каде стигнаа до четвртфиналето. На ЕвроВолеј 2026 се пласираа директно, како осморангирана селекција на ЕП 2023. Украина се натпреваруваше и на СП 2025, но учеството го заврши во групната фаза.

Олех Плотницки е првата ѕвезда во тимот, но Васил Тупчи беше најдобриот поентер на Украина во ВНЛ со 168 поени, додека Дмитро Јанчук беше најдобар сервер со 23 ас сервиси.

Украина настапот во групата Б го започна вчера со тежок меч против Израел кој успеја да го добие по повеќе од два часа игра со 3:1 во сетови.

„Украина е уште еден од фаворитите во нашата групна, репрезентација која е меѓу топ-10 во светот. Таа е составена од многу ѕвезди, предводени од најголема ѕвезда Плотницки, кој има многу силен сервис. Анализите се направени, направени се и последните подготовки и рецептот треба да биде ист како против Бугарија. Да ја играме нашата игра, да не се оптоваруваме со името на противникот, тоа ќе ни овозможи еден добар натпревар, кој го очекуваме сите“ – истакнува селекторот Јошко Миленкоски.

Низ историјата Македонија и Украина се соочувале повеќепати. Македонија има само една победа против овој противник, додека петпати сме загубиле. Последно екипите се сретнаа во Златната Европска лига во 2023 година, кога Украина запиша две максимални победи. Претходно двата тима имаат играно во квалификациите за ЕП 2018, кога Македонија имаше предност од 2:0, но го загуби мечот 3:2 во Скопје, а потоа загуби и со 3:1 на гости. Во Европската лига 2017 исто така Украинците славеа со 3:1 во меѓусебниот дуел. Македонија ја победила Украина со 3:0 во Скопје, во квалификациите за Светското првенство, во мај 2013 година.

Селектор Јошко Миленкоски и селекторот на Украина, Раул Лозано, се имаат сретнато и претходно, кога нашиот стратег ја предводеше Турција со која настапуваше во Светската лига 2017. Тогаш Турција со 3:2 победи на домашен терен, додека со 3:0 загуби на гости.

Македонскиот стратег Јошко Миленкоски денеска го слави својот 66. роденден и во првпат ќе води натпревар на роденден на еден континентален собир.

Интересен податок е дека Миленкоски заедно со селекторот на Украина, Раул Лозано (70 години) се двајцата највозрасни тренери на годинешното издание на Европското првенство.

  • September 11, 2026

Среќен роденден селекторе!

  • September 9, 2026

ЕВРОВОЛЕЈ 2026: Борба и силен отпор против Бугарија

  • September 9, 2026

ЕВРОВОЛЕЈ 2026: Македонија против светскиот вицешампион Бугарија на стартот

  • September 8, 2026

Вук Карановиќ „ЦЕВ е силен колку што се силни нејзините Федерации“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (126)
  • Репрезентација (274)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (24)
  • Инфо (79)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (8)
  • Интернационалци (11)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings