Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Речиси идентични бројки и нереален пораз во Белгија

  • June 11, 2023

Пораз во три сета, а чувство дека македонските одбојкари можеа многу повеќе на гостувањето во Шарлоа во четвриот настап во Европската златна лига. Белгија ни го нанесе вториот пораз, а резултатот на разлика (27:25, 25:23, 26:24) најдобро покажува дека Македонија лесно можеше да игра и на победа. Тоа го покажуваат и статистичките параметри во неколку категории. Процентот на ефикасност во напад, приемот, грешките, поените од контри се речиси израмнети, а противникот подобро се снаоѓаше на негативен прием.

Капитенот Никола Ѓорѓиев имаше 17 поени од 35 топки за него, Љафтов оствари пет од вкупно шест аса за нас, додека, пак, во нападот доби 14 топки од коишто погоди шест. Најефикасните белгиски играчи имаа повисок процент, примачот Десмет 17 од 25, а коректорот Кокс, кој беше резервист во Скопје, искористи 15 од 25 акции. Нашите центри беа подобри од белгиските, Савовски блокираше четирипати, а во напад поентираше петпати од шест додавања, идентично како и Маџунков, кој фати еден блок за вкупно шест поени. Но противничкиот селектор, Италијанецот Емануеле Ѕанини, како и на првиот дуел во „Борис Трајковски“ кога победивме со 3-1, можеше да смета на повеќе кадровски опции за да го менува текот на настаните на теренот, па иако Македонија имаше две сет-топки за 1-0, водство 16:14 во вториот сет, а 24:22 во третиот, значи две топки за да намали на 2-1, Белгија славеше со нереални 3-0 и го презеде второто место на табелата.    

Во четвртото коло денеска ќе играат Хрватска и Украина, која води со максимален биланс, а домаќинот на завршниот турнир е последен, без триумф и без бод досега. Македонија е третопласирана, со забелешка дека доколку се радува во Задар против Хрватска в среда, може да исчекори, под претпоставка Украинците да ја потврдат својата доминација и на претстојната средба. Тие ќе ни бидат гости наредната недела во последниот натпревар од Европската златна лига којашто за нас е подготовка за Европското првенство во август и во септември. Тогаш пред домашна публика, македонските одбојкари ќе играат за нова резултатска граница, а тоа е прво осминафинале во нашето трето учество на континенталните собири. Се е подредено на таа цел.   

2023 June 10 19:00 Локално време
Spiroudome CHARLEROI
четврто коло
BEL
3

Vs

MKD
0
  • April 21, 2026

Работнички Скопје и Наковски Волеј во „битка“ за круната кај дамите

  • April 21, 2026

Штип УГД е на чекор до титулата

  • April 20, 2026

Работнички 71&22 е нов младински првак!

  • April 20, 2026

Љафтов ќе игра финале, Милев ќе се бори за бронза во Унгарија

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (117)
  • Репрезентација (192)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (5)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (5)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings