Викендов беа одиграни вторите турнири во машка младинска конкуренција, по кои екипите на Штип УГД во групата А, односно на Струмица 47&72 се единствените непоразени досега.
Штипјани во рамките од групата А загубија еден сет во дуелот со еден од главните ривали ГОК Борец, а со тоа и бод, па со 11 бода се на врвот на табелата во своето друштво. Актуелниот шампион кај младинците Работнички 71&22 е втор на табелата со подобар поен количник од ГОК Борец, со кој има ист број на победи и порази 2-2, како и освоени/загубени сетови 5:4. Шкендија има ист скор две победи и две порази, со со пет бода. Екипата на Универзитет во Тетово втор викенд во низа не се појавува на турнир, а со неодиграни три натпревари според Пропозициите следува суспензија и дисциплинска постапка.
Во рамките од групата Б Струмица 71&22 има максимални „четири од четири“ победи и осум освоени сетови, со 12 бода. Најинтересниот меч на вториот турнир го одиграа Весна Пробиштип и Јанта Волеј мажи (2:1) со кои тимот од Пробиштип застана на втората позиција на табелата. Македонија Џио со имаше половично успешен викенд и со пет бода е трета, додека Јанта Волеј мажи во моментов е четврти во оваа група.
РЕЗУЛТАТИ, ВТОР ТУРНИР, МЛАДИНЦИ
ГРУПА А
ГОК Борец – Штип УГД 1:2 (25:23, 30:32, 10:15)
Штип УГД – Работнички 71&22 2:0 (25:21, 25:22)
Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 0:2сл.
Шкендија – Универзитет во Тетово 2:0сл.
ГОК Борец – Шкендија 2:0 (25:19, 25:23)
ТАБЕЛА
1.Штип УГД 4 4 0 8:1 11
2. Работнички 71&22 4 2 2 5:4 7
3. ГОК Борец 4 2 2 5:4 7
4. Шкендија 4 2 2 4:5 5
5. Универзитет во Тетово 4 0 4 0:8 0
ГРУПА Б
Струмица 47&72 – Македонија Џио 2:0 (25:20, 25:14)
Јанта Волеј мажи – Македонија Џио 0:2 (12:25, 18:25)
Весна Пробиштип – Јанта Волеј мажи 2:1 (26:28, 25:18, 15:5)
Струмица 47&72 – Весна Пробиштип 2:0 (25:12, 25:15)
ТАБЕЛА
1.Струмица 47&72 4 4 0 8:0 12
2.Весна Пробиштип 4 2 2 5:5 6
3. Македонија Џио 4 2 2 4:5 5
4. Јанта Волеј мажи 4 0 4 1:8 1