Убедливи победи на сите домашни екипи имавме во првото коло од регуларниот дел во Прва А и Прва Б лига во машка конкуренција.
Во А друштвото шампионот Штип УГД со максимален резултат беше поуспешен од Универзитет во Тетово и со тоа ја направи последната проверка на силата во пресрет на реваншот со холандски Орион Старс во ЦЕВ Лигата на шампините.
Одбојкарите на ГОК Борец, пак, со 3:0 го совладаа Сушево, додека со истиот резултат и Струмица 47&72 се радуваше против Работнички 71&22 пред својата публика.
Во групата Б, Шкендија имаше сигурни 3:0 против Јанта Волеј мажи, додека Лирија убедливо славеше над Весна Пробиштип. Дуелот меѓу Скопје и Македонија Џио понуди повеќе борба, но и тој мина во знакот на домашниот состав.