Универзитет во Тетово преку „златен сет“ до Прва А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово се последниот учесник во Првата А лига, кој го обезбедија местото преку „златен сет“ (15:13) во двомечот со Шкендија од претколото од Првата лига мажи.

Во реванш натпреварот Шкендија победи со 3:1 (25:22, 14:25, 26:24, 25:21) и со тоа изедначи на 1:1 во победи, што значеше дека “златен сет” ќе го одлучи подобриот од оваа двојка.

Во решавачкиот сет се играше егал 9:9, 11:12, по што Универзитет во Тетово покажа поголема решителност во финишот и го освои сетот.

Со овој натпревар е комплетирано претколото и познати учесниците во Првата А и Првата Б лига во регуларниот дел од сезоната кај мажите.