ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево го „заверија“ местото во Првата А лига

Екипите на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево ќе бидат дел од Првата А лига во регуларниот дел од сезоната заедно со шампионот Штип УГД, откако успешно го минаа претколото.

ГОК Борец, Струмица 47&72 и Работнички 71&22 забележаа максимални победи и во реванш натпреварите со своите ривали Весна Пробиштип, Македонија Џио, односно Скопје и со 2-0 во победи се најдоа во А друштвото.

Сушево, пак, одново со 3:2 ја победи Лирија, во едно од најинтересните соочувања во претколото. По интензивниот дуел во пет сета пред една недела во Тетово, одново противниците преку тај-брејк го решија победникот. Сушево имаше предност од 2:0 во сетови, а Лирија успеја да се врати во мечот и да изедначи на 2:2. Во решавачкиот сет домаќинот беше поконцентриран во клучните моменти и дојде до втора победа која ја потврди и неговата А позиција.

Весна Пробиштип, Македонија Џио, Скопје, Лирија, како и Јанта Волеј мажи ќе се натпреваруваат во Првата Б лига во регуларниот дел од сезоната.

Последните учесници во А и Б лигата ќе бидат познати вечерва кога се игра реванш дуелот меѓу Универзитет во Тетово и Шкендија. Универзитет во Тетово со 3:0 славеше на првиот меч пред една недела, а во случај на изедначен резултат во победи (без разлика на сет количникот) победникот ќе го одлучи „златен сет“.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

ПРЕДКОЛО, ВТОР НАТПРЕВАР

Штип УГД – Јанта Волеј мажи          3:0 (25:9, 25:7, 25:9)

ГОК Борец – Весна Пробиштип       3:0 (25:10, 25:10, 25:4)

Струмица 47&72 – Македонија Џио           3:0 (25:12, 25:11, 25:22)

Работнички 71&22 – Скопје 3:0 (25:20, 25:17, 25:23)

Сушево – Лирија       3:2 (25:22, 25:19, 21:25, 23:25, 15:13)

Универзитет во Тетово – Шкендија 22.10.2026