Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Јовановски: „Дојдете да навиваме во Софија! Ова не е само наш успех, ова е успех на нацијата!“

  • September 4, 2026

Во пресрет на четвртото учество на Европското првенство 2026 кое од 9 до 26 септември ќе се одржи во Италија, Бугарија, Финска и Романија, Одбојкарската федерација на Македонија и машкиот национален тим одржаа прес конференција на која ги изнесоа своите размислувања и очекувања.

Македонија на ЕвроВолеј 2026 е дел од групата Б во Софија, каде во арената „8888“ ќе се соочи со организаторот и актуелен светски вицешампион Бугарија, потоа бранителот на титулата Полска, како и Украина, Португалија и Израел.

Претседателот на Федерацијата Петар Јовановски, по четвртипат ќе ја предводи македонската делегација на едно големо натпреварување. Првиот човек на ОФМ, отворено го искажа своето разочарување од отсуството на поддршка, истакна дека ова не е успех само на Федерацијата и на одбојкарите, туку ова е успех на целата нација и побара македонската публика да дојде во Софија и да навива за репрезентативците.

„Навистина не знам како да говорам дали во еднина или во множина. За нас четврто Европско првенство, не е тоа само наш успех и наш резултат, сепак тоа е успех на целата држава и целата нација, меѓутоа разочаран сум кога гледам дека покриеноста е малобројна. Можеби вината е наша, но национална свест и поддршка се гради со присуство, а не со говорење, дали на социјални мрежи или не. Репрезентацијата по четвртипат настапува на ЕП, во друштво сме на најдобрите, континуитет кој трае осум-десет години. На ова првенство имаме силна група, но и ние сме силни, затоа сме присутни на ЕвроВолеј и по четвртипат ќе имаме задоволство да се натпреваруваме и да играме со Полска – европски првак и освојувач на Лигата на нации, Бугарија – светски вицешампион, Украина традиционално со врвна одбојка, Португалија и Израел. Моето обраќање до македонската јавност е дојдете да навиваме во Софија, дојдете во што поголем број и да покажеме колку навистина сме како бројка. Посебна благодарност до Вас, неколкумина, кои сте присутни на пресот денеска“, изјави Јовановски.

На новинарско прашање каде го гледа проблемот за отсуството на поддршката од јавноста и општествено одговорни компании, претседателот Јовановски одговори:

„Прво секогаш за нешто ја барам одговорноста кај себе. И на стартот реков дека можеби и ние некаде сме згрешиле. Но, мислам дека овојпат – не. Вистината е дека она што го направивме и го правиме во последниве години е голем резултат. Можеби одбојката не е на некое ниво како фудбалот – кој е друга димензија и не може да се спореди, додека ракометот, се согласувам дека е национален спорт број еден и од тој аспект ја оправдувам присутноста, меѓутоа како што ја бараме вината ние кај себе, треба и како нација сите да се замислиме и да побараме вина кај нас сите, како Македонци, како државјани на оваа држава. Нашата одговорност како да возвратиме на овие одбојкари кои изминативе десетина – дванаесет години само ние како раководство и тие како играчи знаеме низ што сѐ сме поминале. Анализите ќе ги направиме по Европското првенство меѓутоа за поддршка се обративме до многу компании од малкумина добивме поддршка и финансии. Знаеме дека спортот без финансии не може да оди напред. Ја градиме нашата приказна и ќе продолжиме да го правиме тоа како и досега. Успеавме да обезбедиме одлични услови за подготовки, можеби најдобри досега, па и ниво подобро и од ракометот. Месец дена националниот тим да биде во една од двете национални арени кои ги имаме и да тренираат во главната сала, па тоа ни, кога зборуваме за фудбал ќе се споредиме со Реал Мадрид – на „Бернабеу“ не го има. Ние успеавме да обезбедиме најдобри услови зборувам за поддршка, стручен штаб, со професорот Миленкоски, кој е име во одбојката и сите оние придружни елементи на секоја екипа. Имаме статистичар, Јоксимовиќ, светско име, кој Југославија ја водеше кога ги имаше најдобрите резултати. Идејата да создадеме домашни тренери и да оставиме нешто после ова, имаме тројца македонски тренери кои веќе работат со селекторот и тие треба да продолжат да го водат националниот тим. Ние го гледаме сонцето, и успехот, и светлината на небото и мислам дека ќе “прогледа“ и македонската јавност“, заклучи првиот човек на ОФМ.

Покрај претседателот Петар Јовановски, на пресот присуствуваа и потпретседателот Ивица Хаџииљоски, кој потенцираше дека го радува континуитетот на националниот тим.

„За мене огромна чест што по четвртипат во континуитет играме на едно ЕП, со најдобрите европски репрезентации. Задоволство е што на ЕвроВолеј одиме предводени од нашиот најтрофеен тренер и селектор Јошко Миленкоски и со играчи кои веќе се добро познати на македонската јавност. Радува и фактот што имаме и нови играчи и ова за нас ќе биде спој на искуство и младост и искрено се надевам дека и на ова првенство ќе успееме да ги победиме и подобрите противници од нас и дека ќе ја минеме групната фаза. Огромна благодарност до стручниот штаб и до играчите кои цело лето беа посветени на репрезентацијата и искрено се надевам на голем успех на ова ЕП.“

Генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски се осврна на несебичното залагање на стручниот штаб и играчите во текот на целото лето, се со цел успешно претставување на ЕвроВолеј.

„Федерацијата и оваа година за ова четврто ЕП се потруди да обезбеди феноменални услови во кои работат нашите одбојкари. Благодарам и на соработката, која се надеваме дека ќе трае и во иднина, на професорот Јошко Миленкоски и несебичното залагање на сите спортисти во двата циклуса летово – во Евролигата, а сега и во кремот на европската одбојка – ЕвроВолеј. Ја повикувам македонската јавност да дојде, близу е Софија, не е далеку, повелете, дојдете да гледаме квалитетна одбојка во која Македонија ќе го покаже најдоброто.“

Македонија сите натпревари на ЕвроВолеј 2026 ќе ги одигра во арената „8888“ во Софија, со капацитет од 14.000 гледачи. На официјалниот сајт на ЦЕВ во продажба се уште 100-тина билети за натпреварот меѓу Македонија и Бугарија, на 9 септември, а истите се по цена од 46 до 51 евро.

  • September 4, 2026

„Никој не може да ни одземе да сонуваме!“

  • September 4, 2026

Миленкоски: „Со Португалија и Израел ќе се водат главните битки за следната фаза“

  • September 3, 2026

На ЕвроВолеј 2026 се „тестираат“ новите одбојкарски правила

  • September 2, 2026

Љафтов нема пропуштено сет на ЕвроВолеј

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (126)
  • Репрезентација (266)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (24)
  • Инфо (78)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (8)
  • Интернационалци (11)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings