Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Нема радост за Македонија во Атина

  • August 13, 2025

Првата шанса за да го најави учеството на четвртото Европско првенство во низа машката сениорска репрезентација на Македонија не ја искористи на гостувањето во Атина, кај Грција, во претпоследното коло од евро-квалификациите. Грците ја потврдија фаворитската улога и славеа со 3:0 (25:18, 25:15, 27:25).

Македонските репрезентативци беа оптимисти и се надеваа дека ќе успејат да приредат изненадување на гостински терен, со кое порано ќе го потврдат своето место на континенталниот собир, но противникот не дозволи такво нешто. Грција веќе го завери евро-билетот, додека Македонија во последното коло, в недела, кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Грузија потребно е да запише максимална победа за да влезе во друштво на петте најдобропласирани втори екипи и така да патува на ЕвроВолеј 2026.

Македонија вечерва имаше одлично отворање во првиот сет и од негатива 2:0 се серија од 0-5 направи пресврт за 2:5 и ги принуди Грците да бараат минута одмор. Во продолжението од играта париравме до средината на сетот, 11:11, 15:13, но домаќинот наметна свое темпо, стигна до највисока разлика од шест поени 20:14 и рутински го сведе сетот кон крај, за 25:18 и водство од 1:0.

Слична беше сликата и во вториот сет. Македонските репрезентативци имаа одговор за играта на ривалот се до средината на сетот (13:10) а потоа го загубивме ритамот и со 25:15, Грција поведе со 2:0.

Најголема шанса да стигнеме до толку посакуваниот сет имавме во третиот период. Македонија имаше највисока предност од плус пет во неколку наврати (5:10, 7:12) Грција изедначи на 14:14 и до крајот на сетот беше игра на нерви. Нашите одбојкари први дојдоа до сет топка 23:24, а имаа и уште една шанса на 24:25, но не ги искористивме и следуваше казна, за 27:25 и конечни 3:0 за Грција.

Никола Ѓоргиев со 13 поени беше најефикасен, Филип Савовски постигна седум поени, додека Филип Маџунков и Александар Љафтов реализираа по шест поени.

Репрезентацијата утре се враќа во Скопје, додека в недела, 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје против Грузија со максимална победа ќе се обиде да го завери учеството на Европското првенство следната година.

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • January 5, 2026

Нема празници за Штип УГД, на Бадник, во Милано го игра реваншот од Челинџ купот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (22)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings