Женската кадетска репрезентација, односно генерација на одбојкарки родени 2007 година и помлади, во понеделник попладне во Скопје ќе ги започнат подготовките за настапот на БВА Балканскиот шампионат, кој од 11 до 15 јуни ќе се одржи во Тирана, Албанија.
Селекторот Александар Митев и неговата асистентка Бранка Каленикова го објавија поширокиот список од 17 одбојкарки кои се повикани за оваа акција.

Овој шампионат е еден од најмасовните летово и ќе учествуваат дури десет репрезентации, каде покрај Македонија уште се и домаќинот Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.
Системот на натпреварување и распоредот ќе биде дефиниран на техничкиот состанок на сите делегации пред стартот на првенството.