Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Прекината доминацијата на Работнички Скопје, Јанта Волеј КВ е нов шампион!!!

  • May 2, 2025

Јанта Волеј Кисела Вода е нов шампион во женска конкуренција. Тимот од Кисела Вода стави крај на тригодишната доминација на Работнички Скопје, откако вечерва со 3:1 (14:25, 25:23, 25:19, 25:22) стигна и до третата победа во финалната серија и во три чекори ја освои четвртата шампионска титула во клупската историја.

Работнички Скопје тргна сигурно во салата „Независна Македонија“, имаше константна контрола над играта во првиот сет и со 14:25 поведе со 0:1. Но, во продолжението домашните одбојкарки ги надминаа почетниот грч во играта и ги превземаа работите во свои раце.

Бранителот на титулата водеше со 3:8, 4:10 и 6:12 кога се случи „будење“ во тимот на Јанта и со серија од 5-0 прво се доближи на 11:12, а потоа се избори и за комплетен пресврт, 20:16, односно 22:20 и користејќи ја втората сет-топка, со 25:23 изедначи на 1:1. Во третиот сет егал играта траеше до 8:8, по што Јанта Волеј со нова серија поведе со 15:8 и со сигурни 25:19 се избори за пресврт од 2:1.

Голема борба се водеше во четвртиот сет. Јанта Волеј создаваше предност од два-три поени, но Работнички Скопје секогаш наоѓаше начин како да се врати во игра. Во овој период од играта гледавме убави, долги поени, во квалитетна игра како во полето, така и на мрежата. Гостинките се обидуваа да се изборат за петти сет и да останат во игра за титулата, но Јанта Волеј ја искористи првата сет и меч топка, за 25:22 и конечни 3:1.

Новиот шампион го предводеа Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска со 12, како и Валерија Собол со 11 поени, додека во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус  и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше 11 поени.

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ откако не успеаја да се радуваат во финалето на Купот на ОФМ, стигнаа до четвртата шампионска титула со која на перфектен начин ја крунисаа годината во која слават 20 години од постоењето на клубот.

  • June 1, 2026

Македонија ќе мора без Љафтов во Европската лига!

  • June 1, 2026

Гавриловиќ „Потребно е време, уште не ни е усовршен системот“

  • May 29, 2026

Дамите на Медитерански игри против Косово, Алжир, Грција и Турција

  • May 27, 2026

Дамите го пречекуваат Косово во СЦ „Борис Трајковски“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (211)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (69)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings