Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Македонија-Хрватска од 19 часот, може ли петтипат по ред да играме пет сета?

  • May 31, 2024

Гостувањето во Белгија внесе ведрина во македонската одбојкарска репрезентација. Последниот турнир од Европската златна лига во Осиек треба да биде надополнување на победата над Азербејџан и особено на големата борба со два освоени сета против Белгија. Денешниот натпревар против Хрватска влегува во истата категорија.

„И сега очекувам долг натпревар во којшто ние ќе ја повторниме играта со Белгија. Тие имаат добри индивидуалци како коректорот Џирлиќ и тројцата примачи, но и ние имаме свои адути. Се надевам дека ќе најдеме решение, дека ќе бидеме на исто ниво со нив и ако даде Господ, можеме да извојуваме победа што се разбира дека ќе ни значи“, истакна селекторот Хари Наковски.

Хрватска направи одлична серија во Европската златна лига. Оствари четири победи, сите со четири одиграни сета. Финска, Белгија, Романија и Португалија влегоа на менито на амбициозните Хрвати, кои ќе го организираат завршниот турнир, па ќе направат се да бидат убедливи против Македонија. Лани во истото натпреварување двапати одигравме по пет сета, секој славеше дома, а двете селекции забележаа по еден успех и во полуфиналето во Сребрената лига. Тие во 2018-та во Скопје, ние во 2021-ва во Струмица.

„Пак ги гледав последните два дуела со Хрватите и навистина во маратонот пресудна беше една топка, ние победивме со 16:14, а загубивме овде со 15:13. Мислам дека двете репрезентации се изедначени, но интересно е тоа што Хрватска сега има четири победи, а со тој ефект изненадени се и тие самите. Со оглед дека завршниот турнир ќе биде кај нив, останува денеска да видиме дали победите им се како последица на слободната игра. Имаат играчи што можат да направат разлика, но и ние имаме квалитет, само да ги надминеме ситните повреди, па можеби повторно ќе има пет сета“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Противникот ќе се насочи на резултат, ние посакуваме играчки раст. Сегашното 10-то место во конкуренција на 12 репрезентации во Европската златна лига за нас е во ред. Ако може да се напредува зошто да не, иако секој тренинг и секој натпревар во овој термин е подготовка за квалификациите во август, односно е коцка во калдрмата што води кон наше четврто европско по ред.

  • August 12, 2026

Миленкоски: „Сѐ оди според планот!“

  • August 10, 2026

Надежите мотивирани: Имаме шанса за докажување!

  • August 5, 2026

Надежите стартуваат со работа за Зонските квалификации за ЕП 2027

  • August 5, 2026

Македонската „чета“ се собра во Крушево!

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (248)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (24)
  • Инфо (76)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (8)
  • Интернационалци (10)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings