Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Македонската одбојка отвора нова страница, загревање во Европската златна лига, со мислите на евроквалификациите во август

  • May 15, 2024

Првиот турнир од Европската златна лига 2024 е во Струмица од петок до недела (17-19 мај), ќе има по еден натпревар дневно, билетите чинат 100 денари кога игра Македонија, а в сабота влезот е слободен. Преносите ќе одат на МТВ-1 од 20.00.

Два дена до вториот настап по ред во Европската златна лига – елитното годишно репрезентативно натпреварување на ЦЕВ. Македонските одбојкари ќе играат со Естонија в петок и со Чешка в недела, на првиот од трите турнири чијшто домаќин ќе биде Струмица. Во салата „Парк“ ќе гостуваат два противника со коишто имаме историја, а потоа Македонија предводена од новиот селектор Хари Наковски ќе одигра уште четири натпревари против Азербејџан, Белгија, Хрватска и против Шпанија.

По осминафиналето на третото европско првенство за нас, лани кога бевме организатори на една од четирите групи, македонската репрезентација има реновиран состав. Наковски од асистент на Јошко Миленкоски го презеде кормилото на селекцијата, техничарот Филип Деспотовски ја заврши кариерата, примачот Александар Љафтов побара одмор за Европската златна лига и ќе се приклучи на подоготовките за евроквалификациите во август. Тоа значи дека шанса ќе добијат неколкумина помлади одбојкари, дебитанти се Михајло Мирасчиев од Штип УГД и Кристијан Илиев од Струмица 47&72, Давид Стојанов ќе му биде поддршка на Ѓорѓи Ѓорѓиев на позиција техничар, а Стојан Илиев и Лука Костиќ ќе бидат во примачкиот двоец на теренот со Владо Милев. Промени и соодветни подмладувања ќе има и кај Естонија и кај Чешка со која игравме на последниот еврошампионат во Скопје, така што Македонија се надева на добра игра иако капитенот Никола Ѓорѓиев бара да не си наметнуваме притисок сами на себе.

„Според моите информации, противниците ќе имаат променет состав, но за мене ова е нова генерација и во македонската репрезентација. Затоа, ние треба да се обидеме да изградиме игра, да бидеме постојани, да изгледаме како на првата пријателска со Романија во Валчеа. Ако е така, ќе имаме шанса пред домашната струмичка публика да се надеваме на победа или на две, но тоа не е императив“,вели капитенот на Македонија Никола Ѓорѓиев.

„Ние ќе дадеме максимум и тоа е најважно за нас. Естонците и Чесите ги променија составите, но и ние сме подмладени, така што ќе играме барем за една победа. Овој турнир ќе биде на наш терен и се надевам дека со помош на струмичката публика ќе успееме да направиме добар резултат во двата натпревара. Многу ќе ни значи навивачите да ја наполнат салата и да бидат наш седми играч“, вели селекторот Хари Наковски.

Европската златна лига е значајно натпреварување, но главната цел на македонската одбојкарска репрезентација летово ќе бидат двата квалификациски натпревара за следното Европско првенство, коешто, според новиот календар на ЦЕВ, наместо во 2025-та, ќе биде одиграно во 2026-та. Македонија е во група со Грузија и со Грција, во август ќе гостуваме кај Грузијците и ќе играме дома против Грците, што значи дека уште по тие два меча може да се случи црвено-жолтите да направат значаен, можеби и клучен чекор кон четврти настап на континенталните собири едноподруго.

————————————————————————————————————–

Состав на македонската одбојкарска репрезентација:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип), Ангел Бошков (Работнички 71&22)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА

18.05.2024 (Струмица, 20.15): Чешка – Естонија

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

—————————————————————————————————————

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА

25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција

  • November 28, 2025

ОФМ и селекторот Пауновиќ ја завршија соработката

  • November 27, 2025

Маџунков повторно интернационалец, ќе игра за Лувен во Лигата на шампионите

  • November 26, 2025

Јанта Волеј во нова европска „битка“, против Младост Загреб во ЦЕВ купот

  • November 25, 2025

Штип УГД на 10 декември ќе го пречека Милано во 1/16 финалето од Челинџ купот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (99)
  • Репрезентација (182)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (21)
  • Инфо (57)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (23)
  • Европски купови (24)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings