Освојувачот на годинашниот одбојкарски куп на Македонија, екипата на Штип УГД, ќе игра во финалето на разигрувањето против Струмица 47&72 откако ја доби денешната мајсторка со Работнички 71&22 со 3:1. Скопската екипа ја имаше предноста на домашниот терен, но штипјани успеаја да се вратат во полуфиналната низа по загубениот прв натпревар и да ја заработат привилегијата да бидат дел од лигашкото финале, првпат во клупската историја. Финалната серија ќе почне следната недела, а ќе трае најмногу пет натпревари, односно додека еден од ривалите не оствари три победи.
Прва лига (мажи), полуфинале
Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово (2-0)
Работнички 71&22 – Штип УГД (1-2) 1:3 (21:25, 28:26, 17:25, 26:28)
***Финале (мажи): Струмица 47&72 – Штип УГД
Прва лига (жени), полуфинале
Струмица жени – Наковски волеј (0-2)
Работнички Скопје – Јанта волеј (2-0)
***Финале (жени): Струмица жени – Работнички Скопје