Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Почнува полуфиналето, Ускана е нов прволигаш

  • April 2, 2024

Заврши основниот дел од сезоната во македонскиот одбојкарски шампионат, последното коло немаше влијание на учесниците во елиминацискиот сегмент, но реши дека екипата на Работнички 71&22 ќе ја има предноста на домашниот терен против Штип УГД. Освојувачот на годинашниот куп имаше можност на домашен терен да се избори за привилегијата серијата да ја почне пред своја публика, но скопскиот состав оствари гостинска победа, го задржа второто место на табелата и на тој начин му се реваншираше на ривалот за поразот во истата фаза на завршниот турнир во купот. Првата пресметка на Работнички и на Штип УГД е утре со пренос на МТВ-3 од 17 часот и 30 минути, а во другото полуфинале, бранителот на титулата, Струмица 47&72, како голем фаворит ќе го пречека Универзитет во Тетово в четврток.

Во утрешната (03.04.2024) двојна програма во салата „Независна Македонија“ во ОУ Невена Георгиева – Дуња, ќе ја сочинува и првиот дуел од полуфиналето кај дамите меѓу Јанта волеј и Работнички Скопје. Тимот од Кисела вода заврши втор во лигата, актуелните првенки беа трети, па затоа првиот меч и евентуалната мајсторка ќе бидат на теренот на Јанта волеј. Таква предност ќе има и најдобриот состав досега во сезоната Струмица жени во соочувањето против Наковски волеј.

Полуфиналните серии ќе траат до две победи, односно најмногу три натпревари, а домаќини на мајсторките ќе бидат екипите коишто ќе играат пред своја публика во првите средби.

Екипата на Ускана, пак, се враќа во најсилен ранг од следната сезона откако во тековната беше најдобра во Втората лига. Кичевки ја совладаа Форца волеј Ема со 3:0 во последниот натпревар и го освоија првото место што значи дека Газели волеј како второпласиран тим ќе игра со Вардар ЕМ во бараж двомечот за настап во елитата во натпреварувачката 2024/25. Вардарки завршија седми во прволигашката конкуренција.

Прва лига (мажи), полуфинале, први натпревари

Работнички 71&22 – Штип УГД                      (среда, 17.30, МРТ-3)

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово    (четврток, 19.00)

Прва лига (жени), полуфинале, први натпревари

Струмица жени – Наковски волеј                   (среда, 19.30)

Јанта волеј – Работнички Скопје                   (среда, 20.15)

Бараж за Прва лига (прв натпревар)

Газели волеј – Вардар ЕМ                             (среда)

Втора лига (жени), 18-то коло

Ускана – Форца волеј Ема                              3:0 (25:15, 25:21, 25:11)

Табела: Ускана 16-2, Газели волеј 16-2, Пелистер волеј 14-4, Бами Кор 14-4, Виктори волеј 9-9, Фламинго волеј 8-10, Форца волеј Ема 7-10, Македонија Макс 2-16, Универзитет во Тетово 2-16, Куманово 2-16.

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • January 5, 2026

Нема празници за Штип УГД, на Бадник, во Милано го игра реваншот од Челинџ купот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (22)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings