Со оглед дека одбојкарките ќе одиграат 14 рунди во првиот дел од сезоната во најквалитетната конкуренција, за нив ќе има поголема фрекфентност во настапите есенва. Тоз значи дека во календарот се влезени и шест среди, првата утре со интересното трето коло во коешто ќе има два дерби натпревара.
Екипата на Струмица жени која досега има две победи, ќе ги пречека ланските вицепрвенки, одбојкарките на Јанта волеј, а Наковски волеј ќе го брани максималниот ефект на теренот на бранителот на двојната круна Работнички Скопје. Младост УГД ќе се обиде да го оствари првиот триумф сезонава во мечот против Фит фан волеј пред своја публика, а Вардар жени и Вардар ЕМ исто така досега не се радуваа на победа, па поуспешниот од нивниот дуел ќе го избегне дното на табелата.
Прва лига (жени) – 3.коло
Струмица жени – Јанта волеј (среда, 19.30)
Работнички Скопје – Наковски волеј (среда, 16.30)
Младост УГД – Фит фан волеј (среда, 19.30)
Вардар жени – Вардар ЕМ (среда, 14.45)
Табела: Струмица жени 2-0, Наковски волеј 2-0, Јанта волеј 2-0, Работнички Скопје 1-1, Фит фан волеј 1-1, Младост УГД 0-2, Вардар жени 0-2, Вардар ЕМ 0-2.