МК Тикетс од денеска почна со физичката продажба на билетите за Еврпското првенство на коешто коорганизатор ќе биде и Македонија во перидот од 30-ти август до 6-ти септември. Купете дневен билет и поддржете ги македонските одбојкари во третиот настап на конетиненталните собири.
Навивајте за нашата репрезентација, пратете ја својата порака до целиот свет од трибините на арената „Борис Трајковски“ и бидете дел од првото сениорско машко европско првенство во кој било колективен спорт во независна Македонија.
Во продажните места на МК Тикетс можете да купите дневни билети по цена од 500 и од 750 денари, а продажбата на пакетите и натаму оди преку ЦЕВ на линкот следниот линк: https://tickets.cev.eu/cev-eurovolley-2023-men
Продажни места на МК Тикетс: