Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Против најдобриот тим за уште подобар впечаток во Европската златна лига

  • June 18, 2023

Украина ќе биде последниот тест за македонските одбојкари во Европската златна лига. Може да се каже дека е и најсилен, затоа што во Скопје ќе дојде првопласираната репрезентација во нашата група, којашто досега беше доминантна во сите натпревари, не загуби сет и се наметна како еден од главните фаворити за освојување на најквалитетното годишно натпреварување на ЦЕВ.

Сепак, македонската селекција не размислува на предавање особено што на претходниот меч одигра два рамноправни сета со Украинците стигнувајќи до 21 и до 22 поена. Иако резултатот не е во преден план, второто место во група со три подоброрангирани состави е привлечна и мотивирачка цел за да се одбрани арената „Борис Трајковски“ во којашто паднаа Белгија и Хрватска. Без оглед што противникот играше убедливо досега, и ние имаме адути. Капитенот Никола Ѓорѓиев (105) е втор поентер во Европската златна лига зад турскиот коректор Адис Лагумџија (115), но е прв според просекот на освоени поени од напад (вкупно 91). Во оваа статистичка категорија Александар Љафтов е 14-ти, со два поена помалку од најдобриот украински напаѓач Олег Плотницки, но македонскиот примач е 4-ти според асовите, а тоа е категорија во којашто најдобар е украинскиот коректор Васил Тупчии. Токму приемот на сервис за нас ќе биде еден од клучните, веројатно и најважен сегмент од играта утре, затоа што доколку го скротиме ривалот, би имаше шанса да нападнеме подобро и почисто, а тоа значи да оствариме одлична ефикасност на нашите двајца најдобри напаѓачи Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов, како и на Владо Милев и на центрите Филип Савовски и Филип Маџунков. Савовски има 18 блокови досега, што е втор ефект во Европската лига, недостижен дури и за украинскиот центар Семенјук.

Оттука, поединечен ефект над просечните бројки од петте одиграни натпревари, како и соодветен прием за да се анулира предноста на противникот на сервис, а со тоа и да се овозможи вистинска дистрибуција кај нас, може да ни донесе рамноправен дуел. По нашиот триумф во квалификациите во 2013-та, Украинците се во серија од пет победи во меѓусебните пресметки, меѓу нив и во финалето на Европската лига во Гентофте во 2017-та, но во таа низа само една средба заврши во три сета. Значи, можеме да играме, особено со максимална поддршка од трибините иако сегашната генерација на Украина е меѓу најдобрите десет светски репрезентации, со четвртфинале на последниот Мундијал и со пласман во нокаут-фазата на последните две европски првенства. А тоа е уште поголема покана за да уживате во врвна одбојка и тоа бесплатно. Влезот во „Борис Трајковски“ е слободен.     

18.06.2023 20:15 Локално време
Boris Trajkovski SKOPJE
шесто коло
MKD
0

Vs

UKR
3
  • May 11, 2025

Газели Волеј шампионки во кадетска конкуренција

  • May 7, 2025

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

  • May 6, 2025

Миленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата

  • May 5, 2025

Шампионската круна останува кај Струмица 47&72

  • Uncategorized (2)
  • Домашна лига (90)
  • Репрезентација (83)
  • Повик/Известување (5)
  • Федерација (18)
  • Инфо (33)
  • Пионер(к)и (3)
  • Куп на Македонија (23)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings