Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Добрата игра вечер во Задар нека биде крунисана со победа

  • June 14, 2023

Познат ривал за нас во петтото коло на Европската златна лига. Македонските одбојкари ја совладаа Хрватска во пет сета и поведоа со 3-2 во меѓусебните дуели, а со тоа создадоа шанса да бидат втори во групата „Бе“ од најсилното годишно натпреварување на ЦЕВ. Целта за натпреварот во арената „Крешимир Ќосиќ“ е Македонија да игра добро како во Шарлоа во саботата, но за разлика од гостувањето кај Белгија, овој пат да го освоиме тој еден единствен поен којшто недостасуваше за да ги завршуваме сетовите во наша полза. Пред четири дена не успеавме да реализираме ниту една од четирите сет-топки, а тоа се детали коишто треба да ги свртиме на наша страна за да ги оствариме амбициите на Европското првенство во август и во септември во Скопје.

Во најавата за вечерашната пресметка во Задар, главна карактеристика е променетиот состав на хрватскиот селектор Седрик Енар. Францискиот стручњак го загуби првото тренерско соочување со македонскиот кормилар Јошко Миленкоски, но сега ќе може да се потпре на двајца проверени играчи во првиот состав. Примачот Филип Шестан, кој е соиграч на нашиот капитен Никола Ѓорѓиев во АЦХ волеј, а во Лигата на шампионите сезонава имаше 51 поен на шест натпревари, се приклучи на „коцкестите“ и со оглед на свежината, како и на играчкиот квалитет, ќе биде големо засилување на својот национален состав. Енар сега ќе има посилна примачка дијагонала со Зељковиќ и со Шестан, што значи подобар прием и поголем предизвик за македонската одбрана, а поголема опасност ќе има и од коректорска позиција затоа што на теренот ќе се врати Петар Џирлиќ, кој е висок 206 сантиметри. Олеснување за нас ќе биде тоа што ќе го нема повредениот Вишиќ, а тоа е техничарот кошто ја врати Хрватска во „Борис Трајковски“, па Енар ќе се потпре само на Бакоњи како главен и единствен организатор на играта.

Кај нас, составот е стандарден, атмосферата е победничка, а македонските одбојкари беа отворени во искажувањето на намерите да слават на денешната пресметка. Во досегашните настапи во Европската златна лига, црвено-жолтите оставија подобар впечаток, ги добија двете домашни средби со Белгија и со Хрватска, а загубија на гостувањата кај Украина и во Белгија. Време е за наш прв успех надвор од Македонија, а тоа би значело дека Хрватска ќе го претрпи петтиот пораз. Со оглед дека Украинците во оваа рунда се фаворити против Белгија, триумф на Јадранот ќе значи враќање на Македонија на второто место на табелата пред неделното соочување со Украинците.

Натпреварот Хрватска-Македонија ќе биде емитуван на Арена 2 од 20 часот, а на истиот канал ќе оди и преносот од мечот на македонските девојки со Летонија. Првиот сервис во Рига е од 16 часот.

2023 June 14 20:00 Локално време
ŠC Višnjik - Dvorana Krešimir Ćosić ZADAR
петто коло
CRO
3

Vs

MKD
2
  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • January 5, 2026

Нема празници за Штип УГД, на Бадник, во Милано го игра реваншот од Челинџ купот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (22)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings