Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Документарен филм на МРТ како трајно сведоштво за нерамниот пат и за успехот на македонскиот одбојкарскиот тим

  • June 8, 2023

Пред четири години беше прв поен, прв сет, прв бод, прва победа на европските првенства. Македонската одбојка ги помести границите на своите резултати на терен, а сега има уште позначајна задача, а тоа е да биде успешен коорганизатор на претстојниот континентален собир во август и во септември. Честа е голема, исто како и одговорноста, затоа што Скопје досега не бил домаќин на машки сениорски настан на ова рамниште. А тоа е шанса и обврска на сите фактори да придонесат еврпското првенство да биде за паметење.

Постојаниот медиумски партнер на Одбојкарската федерација на Македонија, Македонската радиотелевизија, реши да направи документарен филм за успесите коишто ги забележа националниот состав во минатите неколку години. Имајќи ги предвид околностите, неподелен е впечатокот дека националниот состав предводен од харизматичниот и неповторлив капитен Никола Ѓорѓиев, оствари огромен успех со тоа што играше на две европски првенства по ред, а сега третпат ќе се најде меѓу најдобрите 24 репрезентации на континентот.

„Македонските одбојкари немаа лесен пат, но никогаш не се откажаа од своите соништа. Беа упорни, веруваа во себе, работеа напорно и ние во Македонската радиотелевизија се радуваме на нивната радост. Сакаме да го забележиме нивниот труд, да создадеме траен запис за тоа што го живееја во минатите неколку години, а со тоа да го промовираме ЦЕВ ЕуроВолеј 2023 на наш начин“, вели спортскиот коментатор во МРТ и сценарист на документарниот филм Тони Стојановски.

„Ние ги реализираме преносите од домашните натпревари на македонскиот тим, така ќе биде и со следното ЕП, постојано сме со играчите, ги пренесувавме и претходните две европски првенства, така што имаме обемен архивски материјал за да можеме да создадеме добар производ. Се надевам дека ќе им се допадне на сите и дека ќе предизвика поголема мотивација за играчите да тренираат и да играат, а кај гледачите желба да ја наполнат арената „Борис Трајковски“ и да бидат поддршка на македонската репрезентација“, рече режисерот Тони Ристовски, кој ги дозираше информациите за содржината за документарниот филм.

Работејќи на промоцијата на ЦЕВ ЕуроВолеј 2023, македонските одбојкарски работници ќе направат и спот како покана за гледачите да дојдат во Скопје, а македонската одбојка ќе добие своја химна којашто треба да биде обележје не само на ова европско првенство, туку генерално на секој натпревар на која било македонска репрезентација.

Ова значи дека загревањето за еврошампионатот веќе почна, двете победи на досегашните три натпревари во Европската златна лига дадоа уште поголема енергија за македонските одбојкарски работници да го завршат својот дел од работата. Со нагласување дека овој пат работата е чисто задоволство.

  • May 11, 2025

Газели Волеј шампионки во кадетска конкуренција

  • May 7, 2025

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

  • May 6, 2025

Миленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата

  • May 5, 2025

Шампионската круна останува кај Струмица 47&72

  • Uncategorized (2)
  • Домашна лига (90)
  • Репрезентација (83)
  • Повик/Известување (5)
  • Федерација (18)
  • Инфо (33)
  • Пионер(к)и (3)
  • Куп на Македонија (23)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings