Во одбојката има многу бројки и комбинаторики, но кажано со наједноставен речник, само еден натпревар може да ја однесе Македонија на четврто европско првенство едноподруго. Шансите се реални, нашите одбојкари в недела ќе ја пречекаат Грција во “Јане Сандански” од 20 и 15, а триумф ќе значи прво место во квалификациите и веќе исполнета задача. Македонскиот примач Александар Љафтов знае дека публиката може да биде клучниот адут за наш успех. Влезот е бесплатен, па тој очекува полни трибини и постојани извици МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!!!