По исцрпувачкиот натпревар со Хрватска и поразот во пет сета, македонските одбојкари денеска ќе играат со Шпанија за крај на Европската златна лига 2024. Со победа можеме да одиме и до 7-то место на табелата, можеме и да останеме на 10-тото, но сеедно, Македонија покажа дека и со променет тим реално треба да се надева на успех во августовските квалификации за ЕП 2026.