Два чина одбојка: Македонија против Грција. Одбојкарите одбројуваат шест дена до натпреварот во “Јане Сандански” во Скопје против Грција, клучен за пласман на ЕП 2026 (недела, 20 часот и 15 минути). По триумфот над Грузија, националниот состав уште сега може да ги реши дилемите за четврто учество на континенталните собири. Македонските одбојкарки, пак, работат за да напредуваат и да достигнат играчко ниво за да бидат резултатски конкурентни во некоја следна акција. Нашата примачка Тамара Стојанова е задоволна од некои фази од натпреварот со Австрија во саботата. Наредниот е во Грција на 28-ми овој месец.