Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Четвртфинале на плејоф (Ж): Градско соочување во Струмица, „вардарки“ против Младост УГД

  • March 31, 2026

Четвртфиналната фаза од плејофот во Првата лига жени започнува на 1 април со два дуели – градското соочување меѓу лидерот Наковски Волеј и Струмица жени, додека освојувачот на Купот, Вардар ЕМ ќе го пречека Младост УГД.

Наковски Волеј важи за апсолутен фаворит во дуелот со Струмица жени, и според позициите кои екипите ги имаа на прволигашката табела (1-8), како и според резултатот во меѓусебните дуели, 2-0 за девојките на Наковски. Струмица жени секако дека нема да дозволат лесно да мине нивниот локален ривал, но факт е дека постои разлика во квалитет.

По сензацијата која Вардар ЕМ ја приреди во Купот на ОФМ 2026, без разлика на досегашните резултати во првенството, сега поинаку ќе се гледа на „црвено-црните“ одбојкарки. Пред викендов Младост УГД беше изразен фаворит, но сега нема сомнеж дека внимателно ќе влезе штипскиот состав во овој двомеч. Екипата на Вардар ЕМ е во подем, а освојувањето на Купот може да биде само дополнителен мотив во плејофот. Младост УГД, пак, бара шанса за поправен, откако беше запрен во куп-полуфиналето, сега ќе цели што подалеку во првенството.

Останатите две двојки од оваа фаза се бранителот на титулата Јанта Волеј КВ и ланскиот финалист Работнички Скопје кои со своите ривали ќе се соочат в сабота.

Јанта Волеј КВ игра двомеч со дебитантот Газели Волеј и ќе биде уште еден интересен градски дуел со оглед на тоа дека скорот во меѓусебните дуели е 1-1, односно во првиот дел од сезоната „газелите“ славеа со 3:1, додека во втората полусезона, Јанта победи со 3:2.

Работнички Скопје на патот кон ново финале ќе тргне од Битола, кај Пелистер Волеј, уште една двојка која може да понуди неизвесност. Работнички беше убедлив со 3:0 во првото меѓусебно соочување сезонава, но во второто во Битола загубија со 3:1, што е најава која не дозволува да се препише епитетот фаворит на ниту една од екипите.

Двојките кои првите натпревари ги играат на 1 април, реваншот е на 4 април, додека паровите кои четвртфиналната фаза ја започнуваат на 4 април, реваншот го играат на 8 април. Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари, а во случај на нерешен резултат во победи и идентичен сет количник, се игра „златен сет“ до 15 освоени поени, со разлика од два поени. Победниците продолжуваат во полуфиналето на плејофот.

  • March 31, 2026

Николов и Нефелс „запрени“ во куп-финалето

  • March 31, 2026

ЦЕВ полуфинале за „интернационалецот“ Христов

  • March 31, 2026

Штип УГД против Работнички 71&22, ГОК Борец и Струмица 47&72 во полуфиналето на плејофот

  • March 28, 2026

„Хет-трик“ Куп за Штип УГД

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (107)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (67)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (30)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (2)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings