Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Премиерно финале за Вардар ЕМ, Наковски Волеј се надева на „трета среќа“

  • March 28, 2026

Бранителот на титулата Наковски Волеј и дебитантот Вардар ЕМ, ќе се се соочат во финалето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, кое се игра денеска, 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

За одбојкарките на Наковски Волеј ова е трето куп-финале во клупската историја, второ во низа, во кое се надеваат дека ќе имаат „трета среќа“ и ќе го одбранат пехарот.

Во полуфиналето струмичкиот состав го елиминираше Младост УГД, а сега пред него стои нов предизвикувач – Вардар ЕМ, кој покажа дека не смее да се потцени, во спротивно знаат тоа жестоко да го казнат.

„Ждрепката сакаше најдобрите две екипи од првенствената табела да се соочат во полуфиналето и одигравме еден тежок и борбен натпревар со многу надигрувања, одбрани, блокови и добри напади и добар сервис. Му честитам на Младост УГД за одличниот полуфинален меч и на моите девојки за борбениот натпревар. Финалето со Вардар ЕМ нема да биде нималку лесно. Видовме дека во полуфиналето со Газели Волеј, тие одиграа на едно многу високо ниво, маестрално, борбено. Се надевам дека во финалето ќе понудиме уште еден добар меч, ќе дадеме се од себе, ќе се обидеме да го смириме Вардар и ќе се потрудиме девојките да дадат малку повеќе за да стигнеме до втората куп-титула во низа“, истакна тренерот на Наковски Волеј, Хари Наковски и додаде: „Во женската одбојка, кој игра подобра одбрана, тој се радува на крајот. Се надевам со малку покомбинаторна игра и со подобар напад ќе и парираме соодветно на екипата на Вардар.“

Вардарки, пак, прв пат во клупската историја играат на финалниот турнир во Купот и изборија учество во финалето. Тие се надеваат дека позитивната серија ќе продолжи и во битката за трофејот.

„Девојките одиграа одличен полуфинален натпревар со Газели Волеј и можам само да им честитам! Понудија квалитетен натпревар, дисциплинирано во одбраната, паметно во нападот и со минимум грешки во сервисот. Направивме одлична анализа на противникот, го покажавме тоа на терен и на крај убедливо победивме. Наковски Волеј е фаворит во финалето. Го бранат пехарот, но и факт е дека имаат поискусна екипа, подолга клупа и се квалитетно покриени на сите позиции. Ние се надевам дека ќе ја повториме играта од полуфиналето. Нема да се предадеме, ќе се бориме за секоја топка, за секој сет, два, па зошто да не и за победа и трофеј!? Ќе дадеме се од себе за да го направиме финалето интересно и да приредиме уште едно големо изненадување“, оптимистички размислува тренерот на Вардар ЕМ, Јован Шапе и продолжува: „Ги повикувам сите поддржувачи на нашиот клуб како и целата македонска јавност да дојде во сабота во ‘Јане Сандански’ и да не поддржи во финалето, верувам дека ќе уживаат во натпреварот.“

Вардар ЕМ и Наковски Волеј го отвораат финалниот ден од 33. издание од Купот на ОФМ 2026, кога од 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се соочат во женското финале.

Влезот во салата е слободен, а финалето ќе има и директен ТВ пренос на МРТ3.

  • March 28, 2026

„Хет-трик“ Куп за Штип УГД

  • March 28, 2026

Куп-сензација: Историски пехар за Вардар ЕМ!

  • March 28, 2026

Штип УГД го брани, Борец го „напаѓа“ Куп-пехарот

  • March 27, 2026

Вардар ЕМ и Наковски Волеј ќе се „судрат“ во женското финале од Купот на ОФМ 2026

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (105)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (67)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (29)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (1)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings